Американскиот претседател Трамп предупредува на „сериозни последици“ доколку Маск ги поддржи демократите

Односот помеѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск дополнително се влошува. Според информации на „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски до поранешната администрација, Трамп во приватен телефонски разговор со соработници го нарекол Маск „сериозен зависник од дрога“.

„Тоа е човек кој има сериозен проблем – вистински зависник од наркотици,“ рекол Трамп според наводите на американскиот весник.

Овие изјави доаѓаат откако Маск јавно го критикуваше предложениот закон за трошење и даноци, поддржан од Републиканската партија, кој, според него, негативно влијае врз пазарот на електрични возила.

„Трамп е во досиејата за Епштајн“: Маск продолжува со обвинувањата кон американскиот претседател

Маск: Признавам употреба на кетамин, но по препорака на лекар

Во минатото, Маск има јавно признаено дека користи кетамин, но секогаш потенцирал дека тоа е препишано од медицински професионалец. Во неодамнешна објава на „Њујорк тајмс“ се тврди дека Маск наводно користел поголеми количини на кетамин, како и други супстанци, што наводно довело и до здравствени проблеми со мочниот меур.

Овие обвинувања дополнително ги заоструваат тензиите помеѓу двајцата влијателни Американци, чија соработка претходно беше интензивна, особено во рамките на владината иницијатива за ефикасност во администрацијата.

„Односот е завршен – нема враќање назад“

Во разговор со блиски соработници, Трамп бил категоричен:

• „Не гледам никаква причина да се обидувам да го поправам односот со Маск. За мене тоа е затворено поглавје.“

Според Танјуг, Маск возвратил со жестока обвинување, тврдејќи дека името на Доналд Трамп било поврзано со документацијата на осудениот педофил Џефри Епштајн, без да наведе конкретни докази.

Тензиите кулминираа и со предупредување од страна на Трамп дека доколку Маск одлучи финансиски да го поддржи демократскиот табор на претстојните избори, тоа ќе има „сериозни последици“ за него и неговите компании.