Утринава напливот на возила за излез од Македонија се случи поради тоа што стотина бизнисмени и нивни вработени, но и останати граѓани одат во Белград на вакцинација против Ковид-19.
-Благодарност до Министерство за внатрешни работи за брзото постапување по барањето на Комората, за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД-19 на претставниците од бизнис заедницата.