Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја разрешила од функцијата директорката на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, Косана Мазнева-Николиќ, објави СДК.МК.
Самата Мазнева-Николиќ оваа информација потврдила за порталот.
„Точно е, разрешена сум од фунцкијата в.д. директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците“, рекла изјави Мазнева-Николиќ.
Според информациите кои ги има Лидер, новиот директор на комунална хигиена пред да стапи на оваа функција работел како обезбедување во казино.