Се урна потпорниот ѕид и дел од оградата на Државната детска клиника. Пријавата е поднесена од страна на граѓани до Центарот за управување со кризи. Но ова не е првпат да биде пријавено, а дописи се испратени и до Министерството за здравство.
Претходно за овој проблем неколкупати предупреди и алармираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој рече дека ѕидот е накосен и ќе падне, но никој не изреагира. Ангелов уште денеска се обрати за оваа тематика.
На прашање дали е сериозна ситуацијата, тој вели дека не е стручен за тоа колку е стручен за тоа колку е сериозно, но дека јасно се гледаат штетите.
Со здрав разум кога ќе погледнете зад мене, целиот ѕид е накосен. Во ноември 2022 година добивме пријава од загрижени граѓани дека овој ѕид може да падне. Кажавме на сите надлежни почнувајќи од Министерство за здравство. Го известивме и Град Скопје и Општина Центар. Ѕидот уште не е саниран. Не треба да чекаме некој да загине да се интервенира. Апелираме до надлежните институции да преземат мерки. Лицата кои се движат по улицата Белградска е исклучителна фреквентна, затоа треба час поскоро да се интервенира, рече Стојанче Ангелов гостувајќи на МРТ.
Тој заклучува дека треба да се најдат начин да се започнат со конкретни дејства.
Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека Општина Центар и Министерството за здравство се одговорни за овој проблем.