Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 69-та седница преку ZOOM комуникациската платформа.
На седницата, како што е најавено од ДКСК, ќе бидат усвоени Предлог – записникот од 66-та седница одржана на 21.04.2022 година и Правилата за постапување со подароци, погодности и гостопримства во Државната комисија за спречување на корупцијата. На дневниот ред на седницата се и конкретни предмети по кои работеле членовите на Антикорупција.