Мнозинството од британските граѓани се залагаат за градење поблиски релации со Европската Унија, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење. Дури седум од десет испитаници изразиле поддршка за обновување на соработката со Брисел.

Податоците од анкетата откриваат дека 39 отсто од анкетираните сакаат многу поблиска соработка меѓу двете страни. Овие испитаници го поддржуваат таквиот чекор дури и во случај тоа да повлекува одредени обврски за Обединетото Кралство.

Ваквото расположение укажува на јасна промена во ставовите на британската јавност по прашањето за идните односи и партнерството со европските сојузници.