Обвинителството во Сан Исидро покрена обвинение против дури седум здравствени работници кои се теретат за смртта на Диего Армандо Марадона.
Неврохирургот кој го оперираше Марадона, психијатарката, психологот, уште еден доктор и три медицински сестри ќе седнат на обвинителната клупа.
Според пишувањето на аргентинските медиуми, истрагата наводно покажала дека Марадона „умрел во маки“ и дека неговата состојба значително се влошила пред смртта. Според тоа, се наведува дека работата на здравствените работници во овој случај била „несоодветна, полна со пропусти и несовесна“.
Обвинителството побарало за седумте обвинети лица да се забрани излегување од земјата. Судењето почнува на 31. март, а ако бидат прогласени за виновни им се заканува казна од осум до 25 години затвор.
Легендарниот Диего Марадона почина на 25. ноември минатата година.