Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика внимание на социјалните мрежи, овојпат со објава на фотографија на која е прикажан во прегратка на Исус Христос.
На сликата, Трамп стои до Исус, кој го прегрнува, додека во позадина се гледа американското знаме обвиено со силна светлина.
„Можеби на левицата нема да им се допадне, но мислам дека е прилично убаво“, напиша Трамп во описот на објавата.
Ова не е првпат тој да споделува ваков тип содржини. Претходно објави фотографија на која беше прикажан како Исус, што предизвика критики во јавноста.
Подоцна ја избриша таа објава и понуди поинакво објаснување.
„Мислев дека сум прикажан како лекар, да ги направам луѓето поздрави“, изјави Трамп, негирајќи дека се претставил како Исус.
