Откако од ФФМ потврдија дека Македонија, на ЕУРО 2020 ќе настапи со досегашната комбинација на дресови на кои доминира црвената боја, претседателот на „Куќата на фудбалот“, Муамед Сејдини, натпреварот со Словенија ќе го следи со дресот кој наиде на голема поддршка кај навивачите.
Македонија денеска игра со Словенија на првиот контролен натпревар од двата предвидени кои се дел од подготовките за ЕУРО 2020.