Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет.
Во пријавата 44-годишниот жител на гостиварско село навел дека нападот во неговиот дом го извршиле две приведени гостиварки.
Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.