Вчера, 24. август, околу 11 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Е.Л.(26) и Ј.Л.(26) од гостиварско село поради сомнение дека час и половина претходно во семејниот дом го нападнале нивниот 47-годишен татко, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Се преземаат мерки и активности за расчистување и документирање на случајот.