Македонија завиена во црно

Семејствата молат за помош по синоќешната трагедија – објавуваат фотографии од децата, бараат било какви информации. Македонија завиена во црно откако вчера во дискотека во Кочани се запали дискотека за време концерт. Неофицијално има 53 жртви и повредени.

Семејствата молат за помош

Преку објави на социјалните мрежи семејствата се обидуваат да дојдат до некакви информации за нивните деца. На социјалните мрежи се објавени и масовно се шеруваат фотографии од младите луѓте со телефонски броеви на нивните семејства за да им јават ако некој има информација за децата.

Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица, од кои 30 се во кочанската болница, 60 се препратени во Штипската клиничка болница, а потоа дел од нив се препраќани во Скопје. Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни. Се споменува бројка од над 50 загинати.