Семејството и блиските на малолетната Кристина од Охрид бараат помош во нејзиното пронаоѓање, откако девојката е пријавена за исчезната.

Според информациите што ги споделиле нејзините блиски, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето од домот била облечена во црна маица и широки фармерки.

Исчезнувањето е пријавено во полиција, а семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење да помогнат во нејзиното пронаоѓање.

57-годишниот татко Н.Ј. од Охрид денеска во 05:45 часот во СВР Охрид пријавил дека неговата малолетна ќерка К.Ј. (15) вчера околу 16:00 часот се оддалечила од домот, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека девојката има здравствени проблеми.

Полициските службеници преземаат мерки за пронаоѓање на малолетното лице.

Сите информации може да се пријават на телефонските броеви 075 238 015 и 075 238 017, како и во најблиската полициска станица.