Утрово телото на Лирим Хајредини, директор на Алсат телевизија е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk
Според информациите Хајредини паднал од зграда, а се истражува дали е самоубиство или несреќен случај.
Повеќе од 16 години тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.
Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска кариера, тој има работено и како преведувач на стручна литература.
Син е на поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.
