Избегнато фамилијарното фотографирање, без неформална вечерва, избегнување можна средба со Ентони Блинкен, осуда за руската агресија, игнорирање на неговиот говор, а на столчето оставено „Резервирано за НАТО“. На овој начин рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров беше маргинализиран во Скопје.
Лавров во Скопје изнесе низа дезинформации и руска пропаганда. Тој беше видно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако Османи го најави за говор. Неспремен за одговори, по говорот веднаш ја напушти седницата.
Но, уште пред да дојде во Скопје, Сергеј Лавров наиде на контроверзии. Најголемиот проблем настана вчера вечер кога во последен момент Бугарија се реши да го затвори небото за руската делегација. Образложението од бугарска страна беше дека тоа се должи на присуството на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Таа оваа одлука ја нарече „опасна глупост“.
Во Скопје се одржува најголемиот политички настан од осамостојувањето на Република Македонија до ден денес. Министерскиот состанок на ОБСЕ содржи над 70 делегации кои бројат вкупно повеќе од 1000 лица.
Централно внимание на оваа манифестација зазеде Османи кој упати повик до министрите за надворешни за обединување за заложбите на организацијата.
„Македонија претседаваше со ОБСЕ во уникатна оперативна средина и исклучително тежок контекст, но решително им служевме на вредностите на организацијата“, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Премиерот Ковачевски уште недојден упати остри критики кон Русија и рече дека нема да има средба со Лавров, кој пак за првпат по војната во Украина доаѓа во држава членка на НАТО.
„Земјите од НАТО и Европската унија ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ, истакна шефот на руската дипломатија“, Сергеј Лавров.
Тој додаде дека ОБСЕ е во лоша состојба и уништена уште во 1999-тата година и потсети што извршил НАТО врз Југославија.
„Во 1999-та година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008-ма година, кршејќи ја резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од завршниот акт на Хелсинки, на Србија и беше одземено Косово без никаков референдум“, изјави шефот на руската дипломатија Лавров.
Во долгиот говор кој го одржа Лавров го пречекори времето кое го доби да се обрати на Самитот во Скопје.
Според експертите во оваа тематика Лавров во Скопје изнел низа дезинформации и руска пропаганда. Рускиот министер беше исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија. Тој неспремен за одговори веднаш ја напушти седницата.
Шефот на руската дипломатија по неговото излегување веднаш ја напушти салата, а неговиот говор наиде на многу критики каде најгласен беше претставникот на Данска. Тој посочи дека излагањето на рускиот претставник било со цел да предизвика заблуда и во своето излагање ја осуди руската агресија врз Украина и однесувањето на Русија во ОБСЕ.
На овој самит се докажа дека во ОБСЕ има единство, но без Лавров. Сергеј Лавров е вистинска „Персона нон грата“ во ОБСЕ. Еден против сите, сите против еден.