На 30.12.2022 во 11.15 часот на ул.“Железничка“ во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Р.С.(43) од с.Горно Палчиште затоа што во патничко моторно возило “ауди“ со тетовски регистарски ознаки му биле пронајдени и одземени 1657 пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.12.2022 во 16.30 часот во с.Визбегово-скопско од полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода З.Л.(28) од с.Вражале. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
Во текот на вчерашниот ден (30.12.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 25 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 31.12.2022 во 01.30 часот во Градскиот парк во Скопје во близина на угостителски објект, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.В.(30) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(29) од с.Арачиново-скопско затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2022 во 13.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(25) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2022 во 10.50 часот на клучка Прдејци, на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Џ.К.(51) од Косово. При контрола во возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а- кар агенција, кое тој го управувал, биле пронајдени пет лица- мигранти од Индија.
Џ.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2022 во 07.00 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром“-Скопје при извршена пасошка контрола и проверка на три лица кои приложиле романски патни исправи, констатирано е дека приложиле фалсификувани документи. Потоа ги приложиле нивните лични карти, при што било утврдено дека станува збор за В.Н.(41) и двајца малолетници, сите од Косово. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 30.12.2022 во 20.10 часот на ул.“Илинденска“ во Гевгелија од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода И.П.(43) од Гевгелија. За него била распишана централна потерница по наредба од КПУ-Гевгелија за издржување на казна затвор од две години и девет месеци, за сторени кривични дела по чл.247 и чл.149 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.