Денеска, на денот на неговото раѓање, сите се сеќаваме на нашиот Тоше Проески. По тој повод се огласи и неговата сестра Дора.
Таа сподели фотографија од роденденска торта со запалени свеќи, додека во позадината е фотографијата на Тоше, а зборовите на тортата ја кинат душата.
Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ти – пишува на роденденската торта посветена на настраданиот Тоше.
Иако не е меѓу нас, бидејќи прерано го напушти овој живот, со само 26 години, неговата скромност, хуманост и големината на неговото срце засекогаш е врежана во нашите сеќавања.