Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14.  Kaко што покажува  табелата, Македонци живеат на Малдивите, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот.  Во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 нашинци живеат на  овој континент. Најмногу Македонци има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2.  Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.

Пописот заврши вчера во 20 часот. Од ДЗС кажаа дека тој е успешно реализиран и најдоцна за 6 месеци ќе има податоци. Попишани се над 1.8 милиони луѓе во земјава.