За десет години колку што ја води Северна Кореја, Ким Џонг Ун (37) ја обезбеди истата апсолутна моќ како и неговиот татко Ким Џонг Ил и дедото Ким Ил Сунг, основачот на државата.
И покрај огромните економски шокови предизвикани од мерките за штедење поради Ковид-19 и долгогодишните „заспани“ дипломатски односи со Соединетите Американски Држави, Северна Кореја не покажува знаци на политичка нестабилност.
Во земјата денеска знамињата се на половина копје, а на пладне се огласи и сирената.
Голем број Севернокорејци денеска положија цвеќе и му оддадоа почит на починатиот лидер на ридот Мансу во центарот на Пјонгјанг, каде што се наоѓаат огромни бронзени статуи на Ким Џонг Ил и севернокорејскиот основач Ким Ил Сунг.
Претходните години актуелниот лидер Ким Џонг Ун на денешен ден одеше во мавзолејот каде се наоѓаат балсамираните тела на неговиот татко и дедо и организираше државни собири.
Се очекуваше тоа да го стори и оваа година, но севернокорејските државни медиуми не објавија никакви јавни активности.