Северниот сосед поседува најголеми резерви на злато во целиот регион.

Резервите на злато во Србија се највисоки во регионот со 38,5 тони, додека според резервите на злато, Македонија е втора во регионот со 6,8 тони. Според информациите обезбедени од Светскиот борд за злато, Соединетите Американски Држави поседуваат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони, потоа Германија со 3.355 тони, а Италија и Франција на третата и четвртата позиција со нешто помалку од 2.500 тони. . Русија е на петтото место со вкупно 2.298 тони, а Кина е на шестото место со вкупно 2.010 тони.

На Западен Балкан, Словенија е на трето место со 3,7 тони злато, потоа Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина (БиХ) со 2,7 тони и Хрватска со два тони.

Извор: Фактор