Откако по подолга дискусија помеѓу министерствата за труд и социјала и за економија беше постигнат договор Моловите да работат и в недела, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат рече дека согласно постигнатото решение, моловите нема да работат двосменски, а вработените ќе имаат и други поволности.
– Моловите ќе работат една смена, од 10 до 18 часот, ќе добијат надомест од дневница зголемена за 100 насто, ќе имаат ден за одмор што ќе го користат во следните седум дена. Два проценти од прометот на продавниците во моловите, коишто ќе работат во недела ќе го уплаќаат во државниот буџет, рече Шахпаска, додавајќи дека овие средства, како што било разговарано, ќе се наменат за изградба на градинки.