– Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии, рече Гутереш.
Тој доадде дека тоа е рецепт за проблеми и дека ќе биде многу помалку предвидлив од Студената војна.
– За да ја вратиме довербата и да инспирираме надеж, потребна ни е соработка, рече Гутереш на собир на светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој одлучи лично да дојде во Њујорк и покрај кризата со Ковид-19.
Гутереш нагласи дека геополитичките поделби ја поткопуваат меѓународната соработка и го ограничуваат капацитетот на Советот за безбедност на ОН да ги донесе потребните одлуки.
– Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат, рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.
Гутереш изрази жалење за експлозијата на преземање власт со сила, имплицитно мислејќи на Мјанмар, Мали, Гвинеја и Судан.