– Длабоко не вознемири веста за тешката сообраќајна несреќа, која се случи на територијата на Бугарија, во која трагично се загубени човечки животи. Во име на Министерството за надворешни работи на Србија и во мое лично име, Ви упатувам најдлабоко сочувство, наведе Селаковиќ.

Тој порача дека Србија е подготвена да даде неопходна поддршка, а со своето срце и мисли е со семејствата на загинатите, и ја дели тагата и болката со граѓаните на Македонија.

– Ве молиме на семејствата на жртвите да им ги пренесете изразите на нашето искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Селаковиќ во телеграмата со сочувство до Османи.