Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема „НАТО 2030 – како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на новите предизвици за евроатлантската безбедност.
Говорници на овој панел ќе бидат и словачкиот министер за одбрана Јарослав Над и министерот за одбрана на Канада, Харџит Саџан.
Форумот „GLOBSEC“ е еден од водечките годишни форуми посветени на глобалната безбедност. Годинава, над 100 говорници – претседатели и премиери, министри за надворешни работи, за одбрана, за здравство, директори на глобални компании и претседатели на глобални тинк-тенк организации ќе разговараат на теми поврзани со демократската обнова, економското заздравување и развој, технологиите и безбедноста и отпорноста на здравствените систем.