– Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија. Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години. Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, потенцираше Шилегов.