Главно станува збор за помлади соработници или самостојни референти и инспектори, но има и раководители на сектори. Платите што ќе ги добиваат вработените во овие работни места се движат од 16.495 до 32.887 денари.

Условите кои треба да ги исполнуваат се познавање на еден странски јазик од трите јазици кои се говорат во Европската унија и одредено работно искуство.

Се вработуваат три помлади соработници за утврдување и наплата на такси и други надоместоци, виш соработник за прописи, двајца самостојни референти за геодетски работи, виш соработник за аналитика на јавен превоз. двајца виши соработници за средно образование, раководител на Одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата, советник за спроведување активности од областа на изградба и функционирање на пречистителни станици, советник за издавање Б – интегрирани еколошки дозволи, советник-дизајнер на софтверски апликации, соработник WEB -дизајнер, самостоен референт за техничка документација, помлад соработник за канцелариско и архивско работење, помошник раководител на сектор за јавни набавки. двајца помлади инспектори за наплата на комунални и други такси, двајца соработници за административна поддршка и двајца помлади соработници – внатрешен ревизор на јавните установи основани од Град Скопје.

Огласот трае до 5 април годинава.