Глумицата Меган Фокс изгледа дека ја сфатила премногу сериозно нејзината улога во филмот Jennifer’s Body од 2009 година. Американската актерка во интервју за Glamour UK откри дека таа и нејзиниот партнер Машин Ган Кели си ја пијат крвта. Холивудската ѕвезда потоа прецизираше дека тоа го прават само за ритуални цели.
-Да, ние ја пиеме нашата крв, јас негова, а тој мојата. Претпоставувам дека пиењето на крвта на вашиот партнер може да ги доведе во заблуда луѓето: можеби луѓето не замислуваат поинаку, како да сме во епизода од „Игра на тронови“, додека си ја пиеме крвта. Тоа е всушност малку поинаку. Тоа е само неколку капки, но да, понекогаш пиеме крв. Ја пиеме еден од друг, само за ритуални цели, и тоа е контролирано. Истураме неколку капки и правиме што треба.
🤦🏻♂️#MeganFox conferma che lei e Machine Gun Kelly si bevono il sangue a vicenda: “Sono solo poche gocce, ma sì, a volte ci consumiamo il sangue a vicenda solo per scopi rituali” https://t.co/SBdF1iJ7Wv
— Andrea Conti (@IlContiAndrea) April 26, 2022