Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во Киев за да објават дека Украина доби статус на кандидат за ЕУ и да го повикаат Киев да се врати на преговарачката маса со Русија, тврди советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Виктор Андрусив.

– Според мои извори, Макрон, Шолц и Драги ни носат кандидатура за ЕУ и барање да се вратиме на преговорите со Путин, напиша Андрусив на Телеграм.

Пратеникот Алексеј Гончаренко исто така изјави дека западните лидери на Киев му носат статус на кандидат за членство во ЕУ.

Макрон, Драги и Шолц денеска се во посета на Киев. Во главниот град на Украина пристигна и претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Во моментов тие се на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.