Продолжувањето на помошта за Украина во војната против Русија е од „егзистенцијално“ значење за Европа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Поддршката е „од егзистенцијална важност за Украина, тоа е јасно, но на крајот и за нас во Европа“, рече Шолц во говорот пред германските парламентарци во Берлин, каде што се залагаше соодветно да се добијат буџетски средства, особено за следната година.

По САД, Германија е земјата која обезбедува најмногу помош за Украина, вклучувајќи и испорака на оружје.

„Јасно е дека не смееме да ја ослабиме поддршката за Украина“, рече Шолц, кој инсистираше на „решавање на енергетската криза“ што уследи по руската инвазија од февруари 2022 година.