Шпанските метеоролози прогнозираат дека вториот топлотен бран оваа година би можел да трае до 14 јули, пренесува Ројтерс.

Највисоката забележана температура од 43 степени е измерена покрај реката Гвадалкивир во близина на Севиља на југот на Шпанија и во Бадахоз, на западот на земјата.

Локалните власти во Ла Риоха во северна Шпанија соопштија дека 90 пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот што избувна синоќа.

Андалузиските власти соопштија дека во Ел Ронкило кај Севилја поради пожар морале да бидат евакуирани околу 100 луѓе.