Шри Ланка побара од американската компанија „Амазон“ да ги отстрани дводелните костими за капење и душеците во облик и со слика на лавот од националното знаме, од нејзината понуда.
Како што објавија тамошните власти, земјата испратила протестна нота пред два дена поради појава на такви производи во Кина.
Амбасадата на Шри Ланка во Кина побарала сите производи со „злоупотреба на знамето“ на Шри Ланка, да бидат повлечени. Шри Ланка е, велат оттаму, чувствителна на сѐ што смета дека е несоодветно искористено, како што се знамињата и будистичките симболи.
#Srilanka Government Should Ban @amazon in Our County!
Online e-Commerce platform, #Amazon is continued to advertise Sri Lankan flag printed products from doormats to bikinis and men’s underwear.@SrilankaPMO @PresRajapaksa @GotabayaR @RajapaksaNamal @DCRGunawardena @MFA_SriLanka pic.twitter.com/fcRvbzUwDj
— News Journal 🔺 (@NewsJournalLK) March 14, 2021
Сепак, два дена по интервенцијата на Шри Ланка, трговците сè уште нудат на продажба предмети инспирирани од нејзиното знаме. Некои кинески трговци на Амазон нудат душеци по цена од 10 до 24 долари, а бикините чинат меѓу 9 и 17,30 долари.
-Ако не успееме во ова, тие најверојатно ќе го испечатат нашето знаме и на тоалетна хартија“, рече еден загрижен граѓанин на интернет.
Амбасадата на Шри Ланка во САД исто така соопшти дека реагирала и поднела тужба до американските власти за „повреда на интелектуалната сопственост на Шри Ланка“.