Градоначалникот на Општина Штип, Николов е во официјална посета на Мармарис на покана на неговиот колега, градоначалникот на Мармарис, Октаи.
– Мехмет е млад и амбициозен градоначалник во регионот Мугла, со градоначалникот, Сашко Николов го делат истото мислење, иста цел, која ќе овозможи нашите граѓани да учестуваат во политиките кои ги креираат овие градоначалници. Сведоци сме оти пандемијата го зафати целиот свет, како и кај нас и во Мармарис, а удри по бизнисите и туристичките комплекси. Разговорано е со туристичките агенции да ги нудат Штип и Мармарис како туристички дестинации, кое е од огромно значење за туризмот и стопанството на двете општини, информира Општината.