СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д.(34) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 19.10.2022 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.