Што видовме овие два дена во врска со “оставката” и предлогот за разрешување на Венко Филипче?
1. Веќе никој не зборува дали Венко Филипче треба да ја напушти функцијата, туку сега се зборува по која процедура треба да оди неговото заминување;
2. ДУИ се стави во целосна одбрана на Венко Филипче, а жртвувајќи ги своите функционери и фрлајќи го во корпа револтот на тетовчани;
3. Владината коалиција ни кажува дека сите се одговорни (па дури и ДУИ), само Венко Филипче не е;
4. Уставното право на Собранието да избира и разрешува функционери, ДУИ и СДСМ го спорат, запираат и кочат со процедурални заврзлами;
5. Уставното право на пратениците да предлагаат одлуки ДУИ и СДСМ го ограничуваат и кочат повикувајќи се на правни акти со пониско значење од Уставот на Република Македонија
Според ова погоре, имам неколку квиз прашања до Талат Џафери? (Може да има еден или повеќе точни одговори, но и еден или повеќе неточни одговори)…
1. Дали Венко Филипче е избран со одлука? Или, можеби е избран со декларација, закон или резолуција?
2. Ако е избран со одлука, зар не треба да биде разрешен со одлука?
3. Дали Претседателот на Владата има поголеми процедурални собраниски права за предлагање на одлуки од било кој пратеник, член на Собранието?
4. Дали ако Венко Филипче поднесе оставка до Талат Џафери, тој нема да ја прифати и нема да ја констатира на седница на Собранието? (Нека пази на ова прашање, зошто архивите на Собранието лесно ќе го демантираат)…
5. Дали Талат Џафери знае дека констатирање на оставка поднесена од Министер не е иста постапка како и разрешување на Министер по предлог на
Претседател на Влада? (Ако не знае нека побара во архивите во 2007 и 2008 година)…, стои во неговиот пост на Фејсбук