Оној кој ја има власта мисли дека располага со се, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Нашите институции служат сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните. Оној кој ќе влезе во администрација се додека тоа не го разбере, попусто. Да направиме ветинг, да земеме за секое ниво едно тестирање. Имаме парадокс пред 10-тина години, најдобрите кои имаат над 30 години стаж, требаше да се раководители на сектор, државен советник, а тие беа во втора група, а тие што беа по 3-4 години во администрацијата, го заземаа нивното место. Скалата мора да се помине, изјави Давитковски во Студио 10 на ТВ24.