Тој вели дека најавата на заев за Швајцарија на Балканот е визија на Ванчо Михајлов, но за држава Македонија без Македонци. Е за таква визија му апллаудиравте на Заев напиа Димовски.
Во продолжение неговиот став
Швајцарија на Балканот” е визија на Ванчо Михајлов…
Зоран Заев вчера во Велес само ви ја најави како негова водилка…
Да, на оној Ванчо Михајлов по чија наредба е убиен Тодор Александров, Арсениј Јовков, Панчо Михајлов, Владислав Ковачев и многу други видни дејци на македонското револуционерно дело и ВМРО…
Да, на оној Михајлов кој дури до 1990 година велеше дека не постојат Македонци.
Швајцарија на Балканот е визија на Ванчо Михајлов за држава Македонија без Македонци,
како што е Швајцарија држава без Швајцарци…
Во Македонија, според Михајлов, треба да има се, да има Бугари, Албанци, Турци, Грци, Власи и други, но не и Македонци,
како што и во Швајцарија има Италјанци, Германци, Французи, но нема етнички Швајцарци…
Е за таква визија му аплаудиравте на Заев, сношти во Велес, во градот столб и срце на Македонија…
Човекот не лаже, тоа го прави, ама некој сеуште не гледаат надевајќи се на ситни бенефиции и крупни функции.