Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини во утринските часови се очекува појава на магла, додека во текот на денот ќе дува умерен, а на одредени места повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од најниски 6 степени измерени во Берово, додека максималните дневни вредности ќе достигнат до 21 степен во Гевгелија и во Демир Капија. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со појава на утринска магла во делови од котлината и умерен јужен ветер.
Според синоптичарите, во наредниот период следува фаза на променливо облачно време придружено со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во котлинските предели и понатаму ќе постојат услови за утринска маглива состојба.
Во петок не очекува значително повисока дневна температура која ќе биде далеку над вообичаениот просек за овој дел од ноември. Тој ден ќе дува засилен до силен јужен ветер, чија брзина на одредени локации ќе надмине 80 километри на час.
Веќе од сабота ќе настапи пресврт на временските прилики. Поради продор на значително постудена воздушна маса што доаѓа од север, температурите низ целата земја ќе бидат во забележителен пад со постудено време и услови за дожд.
