Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри.

Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и најисточниот поголем остров на тој архипелаг.