Силен земјотрес го погоди Исланд денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Исланд околу 20:30 часот вечерва.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 64,404 северна географска ширина и 22,35 западна географска должина. Земјотресот се наоѓал на околу 37 километри од Рејкјавик, главниот град на Исланд.
Хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 5,1 километар под површината на земјата. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
