Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Западните Алеутски Острови.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на местото Николски, на длабочина од 83 километри.
Западните Алеутски Острови се дел од американската сојузна држава Алјаска. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
