Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, а потресот бил почувствуван и во Пакистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според информациите, земјотресот се случил во регионот Хиндукуш, на длабочина од 208 километри. Засега нема извештаи за жртви.
Потресот предизвикал вознемиреност и во делови од Пакистан. Жител изјавил дека луѓето во паника истрчале од своите домови во округот Сват, во северната пакистанска провинција Кибер Пахтунхва.
Претходно, земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пакистан, исто така според податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
