Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.
Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир, пишува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска.