Професорката Силјановска-Давкова вели дека вчера пратениците од опозицијата биле спремни за гласање на петтиот пакет на мерки, но Џафери сакал да го искористи нивното присуство за да обезбеди кворум и да изгласа други десетици закони од 32та седница.

-За секој закон или предлог да објаснам дека мора да е насочен кон општото добро, а не кон личен интерес, не кон колективен интерес, рече таа.

Силјановска Давкова додаде дека во време на ковид пандемија најзагрозени се слободите и правата на најранливите категории на граѓани ви општеството.

-Слободите и правата на најранливите категории во општеството се најзагрозени во КОВИД 19 и ние не нудиме соодветен одговор, само политика што креира јавна вредност, е јавна политика, објасни Силјановска Давкова.