Гордана Силјановска Давкова на денешната седница за уставни измени од говорницата рече дека таа ќе ги презентира ставовите на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери, но и својот личен став.
-Дилемата не е Запад или Исток, туку дали Македонија е што имаме или се што немаме. Дали ќе бидеме мала, пристојна држава или протекторат.
Еден ренесансен министер сега вели дека уставните измени може да се донесат и до крајот на овој мандат, не до ноември. Од каде го влечеме ние легитимитетот за уставни измени? Од ЕУ или од граѓаните? Кој е ставот на граѓаните за ова прашање? Она што се бара од нас е спротивно на европските вредности. Ние од 2009 добивме 15 да од ЕК и ЕП и ниту еднаш нема забелешка за неприсуството на Бугарите во Уставот. Граѓаните треба да се прашаат на избори, бидејќи власта е целосно делегитимирана, порача Силјановска Давкова.
Говорот на Силјановска беше поздравен со аплауз и стоечки оваации од пратениците на ВМРО ДПМНЕ.