Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во вестите на Телма изјави дека очекува спроведениот попис да покаже дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат државјанство, но не се попишале.
Пописот заврши во септември, а за обработката на податоците ќе биде потребно време од половина година.
– Тоа е обработка која мора да трае извесен период. На претходните пописи најрано беа година и пол, а некои траеја по две години. Шест месеци е краток период, изјави Симовски.
Податоците ќе се знаат дури кога ќе завршат сите фази на обработка.
Пописот опфати 1.833.000, а дополнително 205.000 се регистрираа во странство.