– Новите препораки на ЦДЦ не се научно засновани, тие не го штитат јавното здравје, тие ги загрозуваат животите на нашите пациенти, медицински сестри и други здравствени работници низ целата земја, изјави Бони Кастиљо, шеф на синдикатот на медицински сестри.
Синдикатот смета дека не е време да се релаксираат превентивните мерки и дека е „срамота“ ЦДЦ да го стори токму тоа среде пандемија.
Претседателката на синдикатот, Џин Рос рече дека „никогаш немало да бидат издадени нови упатства доколку ЦДЦ навистина има научни докази за тоа како се пренесува вирусот“.
Синдикатот ја повика Администрацијата за безбедност и здравје (ОСХА) веднаш да издаде кодекс на однесување за заразни болести и предупреди дека доколку ОСХА не издаде такво упатство веднаш, ќе се види повторно заразување и смртни случаи.