СИРОМАШЕН НАРОД – БОГАТА ВЛАДА ❗

Мнозинството составено од СДСМ – ДУИ денеска гласаше против потребата на носењето на Законот за акцизите со кој требаше акцизите на течните горива да се намалат за 50% и законот за ДДВ со кој требаше да се намали ДДВ за храна од 5% на 0%, а на горивата од 18% на 5% ❗

Да објаснам пластично:

По сегашните “ВЛАДИНИ” цени:

➡️ Еуросупер 95 – акциза 22 ден. + ДДВ 18% 16,78 ден. = 110 ден.
➡️ Еуросупер 98 – акциза 22 ден. + ДДВ 18% 17.1 ден. = 112 ден.
➡️ Дизел – акциза 15,5 + ДДВ 18% 15,50 ден. = 102 ден.
Со нашиот модел:
➡️ Еуросупер 95 – акциза 11 ден. + ДДВ 5% 4,1 ден. = 86,3 ден.
➡️ Еуросупер 98 – акциза 11ден. + ДДВ 5% 4,2 ден. = 88,1 ден.
➡️ Дизел – акциза 7,5 ден. + ДДВ 5% 3,02 ден. = 82,4 ден.

А доколку се усвоеше нашиот предлог на закон за ДДВ, храната уште веднаш ќе се намалеше МИНИМУМ 5% ❗

Ова е вистинското лице на оваа катастрофална коалиција која ја направи Република Македонија најсиромашна земја во регионот. Секогаш кога ќе отидете во маркет, на пазар, на бензиска пумпа сетете се на оваа слика.

ПРЕМНОГУ Е ❗

ДОСТА Е ❗

ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ ❗, пишува пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски на неговиот фејсбук профил.