Канада, чија крајбрежна линија изнесува 243.000 километри и излегува на три океани, планира да набави современ систем за подводен надзор вреден меѓу 250 и 499 милиони долари. Овој безбедносен систем ќе користи дронови и специјализирани сензори наменети за навремено откривање и следење на потенцијални закани, како и за собирање разузнавачки податоци.

Во моментов, за одбрана на своето огромно крајбрежје, канадските сили имаат на располагање околу 20 подводни дронови.

Според информациите од интерен документ до кој дојде Си-би-ес њуз, официјални претставници од секторот за одбрана уште минатата година разговарале за потребата од воведување привремено решение со цел да се потврди и заштити суверенитетот над сопствениот брег.