Нов проект за млади – Скопје сити гоу картичка! Денес, во присуство на голем број млади луѓе го презентиравме новиот проект од мојата програма за град Скопје, наменет токму за нив, објави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Скопје има огромен потенцијал да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.

Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам е Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место.

Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка:

Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички“, додаде Ѓорѓиевски.