Државниот буџет претрпел загуба од повеќе од 3 милиони евра поради злоупотреба на државни средства наменети за развој, според ревизијата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Новиот директор на ФИТР, Никола Додов, ја обелодени оваа информација, истакнувајќи дека 60 компании не ги искористиле добиените грантови за реализација на проекти, туку за фантомски иницијативи. Со ова, тие не само што го злоупотребиле јавниот ресурс, туку и ја довеле во прашање транспарентноста на процесите за доделување средства во последните пет години.

Ревизија во тек: Фондот иницира мерки против компаниите за злоупотреба на државни средства

Во текот на ревизијата, која сè уште не е завршена, одговорните лица од ФИТР покренале постапки за присилна наплата и кривични пријави против дел од компаниите. Додов истакна дека дел од компаниите веќе се во процес за враќање на средствата, додека за други се подготвуваат градски и кривични постапки. Во изјавата, тој ги нагласи активните чекори за санкционирање на оние кои ги прекршиле договорите.

  • Од вкупно 60 компании кои се предмет на истрага, веќе се започнати процеси за наплата на побарувањата кај надлежни извршители,“ изјави Додов. „Дел од компаниите се во процес за поднесување кривични пријави и граѓански тужби што ќе се обработуваат од надлежните обвинителства и судови.

Дополнителни обвинувања: Злоупотреби и во приватни здравствени установи

Освен приватните компании, ревизијата открила неправилности и кај 50 приватни здравствени установи кои добиле средства во текот на COVID-кризата. Според Додов, иако тие добиле помош за набавка на опрема, јавните здравствени установи сè уште се соочуваат со недостиг на основни ресурси. Тој ја потенираше нелогичноста на користење јавни средства за опремување на приватни клиники, истакнувајќи дека законот за трговски друштва не дозволува такви вложувања во здравствената индустрија.

  • Во текот на Ковид кризата, одредени приватни установи добија средства за набавка на опрема која јавните болници сè уште ја немаат,“ рече Додов. „Благодарение на овие финансиски инјекции, приватните установи располагаат со подобра опрема од јавните, што не треба да биде случај според законските одредби.

Поранешни директори на ФИТР реагираат на обвиненијата

Откритието на злоупотребите иницираше одговори од тројцата поранешни директори на ФИТР кои управувале со институцијата во периодот на ревизијата. Јован Деспотовски, еден од претходните директори, изјави дека ревизиите спроведени од Светската банка не откриле никакви нерегуларности за време на неговиот мандат и потврди дека е подготвен да соработува со институциите во расчистувањето на наодите.

  • Во периодот до втората половина на 2020 година, работењето на ФИТР беше подложено на редовни ревизии како обврска кон Светската банка,“ посочи Деспотовски. „Ниту една од тие ревизии не покажа несоодветно користење на средствата и подготвен сум да соработувам со институциите за разјаснување на сите отворени прашања.

Коста Петров, исто така поранешен директор на ФИТР, посочи дека изборот на проектите се вршел преку независен Комитет за одобрување на инвестиции и според јасни и транспарентни критериуми. Тој нагласи дека доколку корисниците на грантовите не ги исполнеле обврските, постојат законски мерки за санкционирање.

  • Секој проект финансиран од ФИТР беше избран според објективни критериуми и под контрола на реномирани ревизорски куќи,“ рече Петров. „Уверен сум дека секоја одлука донесена за време на мојот мандат е строго во согласност со законските одредби. Во случај на неисполнување на догворните обврски, постојат законски механизми за санкции.

Фестим Халили, кој исто така беше на раководната позиција во ФИТР, ги оцени тврдењата како целосно неточни, додавајќи дека се работи за дневно-политичка кампања. Халили нагласи дека тимот на ФИТР работел посветено и транспарентно за поддршка на домашните компании и економијата.

  • Обвинувањата за незаконитости и злоупотреба се целосно невистинити,“ изјави Халили. „Ниту јас, ниту врабоените во Фондот не учествувавме во процесот на избор на апликации. Ние ќе се спротивставиме на овие обиди за дискредитација со факти и вистина.

Продолжува истрагата со правни постапки за санкционирање на злоупотребите

Откриените злоупотреби на средства за иновации и развој во ФИТР оставаат отворени прашања околу контролата и транспарентноста во распределбата на државни средства. Истрагата за злоупотребата на 3 милиони евра продолжува, додека властите преземаат павни мерки за наплата и санкции. Овој случај ја истакнува потребата од засилени механизми за контрола и отчетност, особено при финансирање на развојни и иновативни проекти со јавни средства.